Црна хроника
Обвинение против Турчин кој на скопскиот аеродром сакал да прошверцува масло од хашиш
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против турски државјанин кој живее во Австрија, а се обидел низ скопскиот аеродром да прошверцува масло од хашиш.
Како што информираат од обвинителството, на 24 август Турчинот од Виена пристигнал на Аеродромот Скопје и се упатил на излезот „зелен канал“ наменет за патниците кои немаат ништо да пријават за царинска контрола.
Меѓутоа, бил селектиран за контрола и запрен од страна на царинските службеници.
При извршена проверка во неговиот багаж биле пронајдени десет шишиња со по 10 милилитри масло од хашиш, еднолитарско пластично шише наполнето со масло од хашиш, како и мал стаклен сад во кој исто така се наоѓало масло од хашиш со тежина од 2,1 грама.
Турскиот државјанин се товари за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

