Црна хроника
Обвиненија за џепчии кои краделе мобилни телефони од случајни минувачи во Скопје
Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвиненија за две лица за сторено кривично дело кражба.
Со обвинениeто се товарат две лица кои како соизвршители сториле кривично дело, кога на 6 март на автобуската станица „Рекорд“ во центарот на Скопје одзеле мобилен телефон марка „алкател“ во вредност од 15.000 денари.
Тие го искористиле невниманието на оштетената, па од џебот на нејзината јакна го одзеле телефонот и се оддалечиле од местото на настанот. Меѓутоа, биле забележани од полициски службеници и уапсени.
Eдно од лицата се товари и за кражба која ја извршил на 4 ноември минатата година на улицата Народен фронт во Скопје, кога украл мобилен телефон марка „моторола Е5“ во вредност од 20.000 денари.
Кражбата ја извршил од паркирано возило во близина на маркет „Кам“. Обвинетиот го искористил невниманието на оштетениот кој вршел достава во продавницата, па ја отворил вратата од комбето „Мерцедес“ и го зел мобилниот телефон кој се наоѓал на седиштето.
Јавниот обвинител кој постапува во предметот до судот доставил посебен предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите за кого судот ја имаше веќе определено оваа мерка на 6 март, а во траење од 8 дена.
За вториот обвинет судот на 6 март определи мерки на претпазливост, но обвинителството, ценејќи дека постои неопходност од обезбедување присуство на обвинетиот за водење на кривичната постапка, предложи судот да му определи мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

