Црна хроника
Обвинителството ја отфрли пријавата за пиратерија поради реемитување на бокс-меч
Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од пет македонски телевизии против едно физичко лице и едно правно лице за повреда на авторско право и сродни права од член 157 и пиратерија на аудиовизуелно дело од член 157-б од Кривичниот законик. Одлуката е донесена бидејќи пријавените дела не се кривични за кои се гони по службена должност.
„Според наводите во пријавата поднесена на 15.2.2019 година, пријавениот како овластено лице – главен извршен директор на правното лице, на 2.12.2018 година неовластено овозможил за неговите корисници реемитирање на програмски сервис од Република Хрватска, на кој се емитувал бокс-меч за кој ексклузивни права имала откупено една од националните телевизии во земјата. Со ова, според пријавата, на телевизијата ѝ била нанесена штета од 2.500.000 денари.
Надлежниот јавен обвинител достави наредба до МВР СВР Скопје за прибирање на целокупната документација за лиценцирање на наведената телевизиска програма и потпишаните договори за соработка на вклучените оператори врз основа на кои се обезбедени праа за реемитување на програмски сервиси. Наведениот бокс-меч премиерно се емитувал на хрватскиот програмски сервис во 6 часот наутро, но бидејќи пријавените имале сознанија за одржувањето на спортскиот настан и за ексклузивните права стекнати на македонската телевизија, извршиле затемнување на програмите од хрватскиот сервис во периодот од 3 до 10 часот, со што било оневозможено премиерно реемитување на мечот во целост. Но, бидејќи немале никаква информација дека хрватскиот програмски сервис има намера да го репризира мечот, во преостанатиот дел од денот програмата на хрватската телевизија била реемитувана во целост, без затемнување, па на тој начин се реемитувало и репризното издание на бокс-мечот.
Во исто време, понудувачот на услугата за реемитување на хрватскиот програмски сервис на територијата на државата во допис до пријавеното правно лице признал дека не испратил предупредување за затемнување на содржината затоа што такво предупредување не добил од хрватската телевизија. Притоа изразил подготвеност да ја преземе целата одговорност доколку дојде до барање за надомест за штета од македонската телевизија, која ги поседувала ексклузивните права за содржината“, се вели во соопштението.
Обвинителството заклучува дека по извршената анализа на сите прибрани докази, произлегло дека во дејствата на пријавените не се содржани елементи на кривичните дела што им се ставаат на товар, ниту на други кривични дела што се гонат по службена должност. Наведените кривични дела се вршат со умисла, која недостиога во дејствата на пријавеното физичко лице. Реемитувањето на наведената програмска содржина не се случило поради прекршување на правилата од страна на пријавените, туку поради несоодветно постапување на хрватскиот програмски сервис, кој имал обврска да го извести дистрибутерот за затемнување на програмата затоа што не ги поседувал правата за емитување на бокс-мечот за територијата на државата.
Решението е доставено до оштетените, кои во согласност со член 288 став 2 од Законот за кривична постапка, имаат право на жалба до Вишото јавно обвинителство Скопје во рок од осум дена по приемот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

