Топ
Обид за убиство во Виница: маж избоден четирипати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од овој град, по вербална расправија, со нож нападна друг маж, Д.С., нанесувајќи му четири убодни рани.
По нападот, напаѓачот веднаш побегнал од местото на настанот.
Сепак, полициските службеници по обезбедувањето на оперативни сознанија синоќа во Кочани го приведоа, Н.В.
Надлежното јавно обвинителство е известено и се работи на целосно документирање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обвинителство: Детално ќе ги испитаме наводите за нелегално прислушување

Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, велат од Јавното обвинителство.
Од таму додаваат дека Обвинителството единствено ги проследува законски заснованите барања од АНБ за превентивни разузнавачки мерки до Врховниот суд, кој потоа издава соодветна наредба за реализација на мерките.
„Согласно законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго предвидени во самиот закон“, велат од Обвинителството.
Во однос на претходните наводи за следење на премиерот, по насоки на Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, Обвинителството за гонење на организиран и криминал и корупција оформило предмет во кој се преземаат дејствија на проверки.
Воедно, велат од Обвинителството, и наводите во последните известувања од АНБ детално ќе бидат испитани.
Македонија
Напаѓачот на Арсовска доби казна од две години затвор

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е осуден на две години затворска казна поради нападот врз неа.
„Основниот кривичен суд Скопје известува дека судот на 2.9.2025 година ја донесе и јавно ја објави пресудата по предметот К.бр.1338/25, со која обвинетиот С. Љ. го огласи за виновен за сторено кривично дело насилство од член 386 став 3 вв со став 1 од Кривичниот законик по што му изрече казна затвор во траење од 2 (две години), а поради тоа што на 11.7.2025 година извршил грубо насилство врз градоначалничката на град Скопје.
Во согласност со член 47 од Кривичниот законик, во изречената казна затвор на обвинетиот С. Љ. му се засметува и времето поминато во куќен притвор, преиначена во мерка притвор.
Против ваквата пресудата странките имаат право на жалба во рок од 8 (осум) дена по приемот на пресудата преку овој суд до Апелациониот суд Скопје“, се истакнува во соопштението.
Во однос на мерката притвор, судот одлучи дека таа да се продолжи до правосилност на пресудата, односно до почнување со издржување на казната затвор, но не подолго од 60 (шеесет) дена.
Македонија
(Видео) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери, нагласувајќи дека јавноста заслужува одговори и транспарентност.
„Дозволете да коментирам на линија на секој мој коментар кога станува збор за таква работа. Прво очекувам да има објективно прикажување на работите, фактите да се знаат во јавноста. Доколку е потребно да има истрага и да биде задоволена правдата. Ние во изминатиот период видовме многу најавени скандали, бомбастично од одредени портали, од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ коишто немаа никаква разрешница. Да ве потсветам имаше најава некаква за поткуп на премиерот, понатаму дека бил следен со дронови, понатаму дека ќе има дестабилизација и еве сега некакво следење. Денеска има изјава и од поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, и тој самиот вели, еве, барем нека се декласифицираат информацијата, па да видиме каква е вестината. За да нема лов на вештерки, лов на вештерки, лов во матно мислам дека граѓаните јавноста го заслужуваат тоа, рече Филипче.
СДСМ повикува институциите да постапат одговорно и да ги обелоденат сите релевантни информации, за да не се злоупотребува безбедносниот систем во политички цели и дневни пресметки.