Црна хроника
Ограбена пошта во Охрид, разбојникот приведен по неколку часа

Филијала на „Македонска пошта“ во Охрид била ограбена утрово, при што сè уште не е утврдено колку средства се одземени. По неколку часа, од страна на охридската полиција е приведено едно лице, кое се сомничи дека бил извршител на грабежот. Настанот го потврдуваат од СВР Охрид.
„Има таков настан, пред речиси еден час е приведено лице што се сомничи дека извршило разбојништво во поштата во центарот на Охрид. Се работи за едно лице. Во моментот се преземаат сите дејства за расветлување на случајот, како и на тоа што е украдено при извршувањето на делото“, велат од СВР Охрид.
По расветлувањето на случајот и утврдување на деталите на грабежот, СВР Охрид најави подетаљни информации за настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот