Црна хроника
Огромен пожар кај Катланово
Голем пожар избувна попладнево во близина на Катланово, во скопската општина Петровец. Покрај патот се издигаат пламени јазици и воздухот мириса на чад. Гори сува трева уште од 18 часот.

Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека денеска цел ден гореле ниви на потегот од Скопје до Катланово, на над 20 места. Претпоставуваат дека некој од помалите пожари, предизвикани од палење на сувата трева на нивите, излегол од контрола, при што предизвикал огнена стигија која се уште не е сопрена.
Противпожарната единицана Град Скопје и изутринава интервенираше на гаснење на пожар на патот Петровец – Скопје, каде беше запалена трева. Пожарот беше гаснет од 10,43 до 11,40 часот со едно воз и двајца пожарникари. Зафатени биле 150 метри квадратни, а првичната штета се проценува на 9 000денари.

Пожари во текот на денот имаше на уште неколку локации во Скопско – гореше мешана шума во селото Горно Свиларе, а огнот беше гаснет од 12,25 до 14,30 часот.
Пожар имаше и кај Марков манастир кон селото Цветово, на кој било интервенирано од 13,05 до 14,45 часот. Трева и грмушки гореа и кај селото Семениште од 13,35 до 15,30 часот, додека
мешана шума се запали пред Карпалак, по што пожарникарите интервенираа од 14,40 до 16,20 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

