Црна хроника
Од автомобил пукале кон маж во Скопје, тој се бори за живот
Маж на возраст од 27 години е ранет од огнено оружје во Скопје, откако во него било пукано од автомобил, соопшти полицијата. Тој е во животна опасност.
Имено, во четвртокот, било пријавено дека две непознати лица со две ПМВ дошле на ул. „Фуштанска“ и започнале расправија со Г.Б. (27), по што едно од лицата извадило пиштол и пукало кон Г.Б, нанесувајќи му прострелна рана во десна надколеница и повеќе повреди во пределот на телото.
По настанот лицето кое пукало го напуштило местото на настанот со возило.
Повредениот бил пренесен и задржан на лекување во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.