Црна хроника
Од Вардар извлечено и телото на 45-годишен маж
Од водите на Вардар е извлечено и телото на 45-годишен маж кој утринава скокнал во реката кај Гостивар за да спаси 19-годишна девојка.
Претходно околу 3 часот изутринава спасувачите успеале да го извлечат телото на 19 годишна девојка од водите на реката Вардар.
Ноќеска неколку минути по полноќ повеќе граѓани од Гостивар во СВР Тетово пријавиле дека од малиот метален мост во близина на гостиварскиот голем пазар во водите на Вардар скокнала жена и дека веднаш по неа, најверојатно со намера да и помогне и да ја извлече од водите,скокнал и еден маж.
Веднаш започнала потрага по нив, долж течението на реката Вардар и некаде околу 3 часот во близина на детско игралиште во селото Старо чајле пронајдено е безживотното тело на 19-годишната девојка.
Во тек е истрага за настанот. Извршен е увид од гостиварската полиција и обвинителството. По наредба на обвинител врз беживотното тело на девојката ќе се изврши обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

