Црна хроника
Од домот во Скопје се оддалечила 16-годишна девојка, полицијата презема мерки
Вчера во 13.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, 38-годишната С.К. од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила 16-годишната Ј.А., која ѝ била доделена на згрижување, а која во повеќе наврати се оддалечувала и била враќана назад, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
69-годишен пешак е тешко повреден, го удрил возач со комбе
Вчера во 13.15 часот во СВР Велес, било пријавено дека на ул. „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, товарно возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки управувано од А.А. (40) удрило во пешакот Р.Л.(69) и двајцата од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Л. констатирани во Општата болница во Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
Црна хроника
Турчин е тешко повреден откако со „хјундаи“ излета од патот, со повреди се и двајца сопатници
Денеска во 04.35 часот во ОВР Гостивар, било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Србиново на мостот кај с.Беловиште, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(45) од Р.Турција, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговите сопатници И.Н.(22) и О.Т.(23), двајцата од Р.Турција, констатирани во Општата болница во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Црна хроника
Две деца се тешко повредени, се возеле со мопеди и се судриле со ауди
Вчера во 19.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Февруарски поход“ и сервисна улица која води кон паркинг простор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(36) од Скопје, мопед „априлија“, управуван од малолетник од Скопје и уште еден мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, исто така управуван од малолетник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата малолетници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.