Црна хроника
Од објект во Визбегово одземени 1.023 чифта фалсификувани патики
Дваесет и седумгодишен скопјанец (Б. Р.) доби кривична пријава поради повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма.
МВР јави дека во јуни оваа година, врз основа на судска наредба, а по барање финансиската полиција, бил извршен претрес во дворно место, на кое Б. Р. имал еден неизложен објект и други помошни простории во Визбегово, при што биле пронајдени и одземени 1.023 чифта патики „најки“.
Кога трговската марка извршила анализа, било потврдено дека одземените патики се фалсификувани производи.
Според изјавата на пријавениот, обувките биле набавени оваа година од лица од Република Турција, со готовинско плаќање, без документација, а потоа со камион на фирма од Струмица доставени во Скопје.
Без да склучи договор со компанијата сопственик на брендот или со овластени правни лица застапници на заштитената марка на територијата на РС Македонија, односно со која било компанија што легално се занимава со производство на спортски обувки „најки“, според пријавеното, имал намера да ги продава како да се оригинални спортски обувки од овој бренд и на тој начин да стекне противправна имотна корист во износ од најмалку 11.949.867 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

