Црна хроника
Опожарена камп приколка на езерото Треска

Синоќа, околу 3 часот по полноќ во Единицата за информации и команда Скопје, чувар на Езеро Треска пријавил дека на езерото од непознати причини била опожарена камп приколка сопственост на И. А. (66) од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Скопје, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдени ловечки пушки при контрола на возило управувано од маж од Кавадарци

Вчера во 12.35 часот во атар на село Мајден, кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „нисан терано“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(45) од Кавадарци, а сопатник бил Ј.Б.(66) од Кавадарци.
Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки: „IJ58M“ калибар 16мм со шест патрони и ловечка пушка „Baikal“ калибар со четири патрони.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
18-годишна девојка се оддалечила од својот дом во Скопје, случајот го пријавил таткото

Вчера во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 41-годишниот Р.Б. од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка, 18-годишната А.Р. од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Уапсен 62-годишен штипјанец: ја истепал снаата

Вчера во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 62-годишниот З.Н. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна снаа.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.