Црна хроника
Опожарени две возила во Скопје

Денеска во 02.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на улицата „Костурска“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.И.Е. од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.К.(44) од Скопје, извести МВР.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, додаваат од МВР.
Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Девојка од Чаир пријавена за исчезната, по една недела пратила порака дека е во Србија

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека Ј.И.(26) од Скопје, за која на 19.02.2025 беше пријавено дека се оддалечила од домот, пратила порака на семејството дека не е исчезната и дека се наоѓа во Нови Сад, Република Србија.
Црна хроника
Го уценувал и му барал пари: адвокат во Скопје физички нападнат од едно лице

Адвокат од Скопје пријавил напад на работното место.
– На 26.02.2025 во 20.10 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека на работното место во адвокатска канцеларија на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од К.А., кој го уценувал и му барал пари, стои во билтенoт на МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пожар во куќа во Петровец

Вчера во 21.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.55 часот во с.Петровец, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на Т.Т.(82) од с.Петровец.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Извршен бил увид.