Црна хроника
Осуденик од затворот Идризово нападнат со остар предмет

Осуденик од затворот Идризово бил нападнат со остар предмет, информираше МВР.
Имено, вчера околу 20.30 часот од КПУ Идризово во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.25 часот во затворениот дел од установата повеќе осудени лица го нападнале осуденикот Е.С.(33).
Според полицијата од страна на Б.А. со остар предмет му била нанесена повреда на Е.С..
Се работи на расчистување на случајот, соопштија надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
60-годишен кумановец загина во експлозија на плинска боца

Вечерва во 20.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата “Ѓорче Петров” во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца.
Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово.
Смрт констатирал лекар, а увидот е во тек.
Црна хроника
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје

На 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“ поради учество во т.н. „диви“ трки на бул. „Трета Македонска бригада“ во Скопје.
По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се времено одземени по член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај во времетраење од 90 дена, односно затоа што создавале голема бучава.
Исто така, против двајца возачи на другите две патнички моторни возила поднесени се прекршочни платни налози за техничка исправност и вградени фолии, соопшти полицијата.
Црна хроника
Пронајдени речиси 10.000 пиротехнички средства на Бит-пазар, лишено од слобода едно лице

Полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.Д. (53) од Скопје.
При постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба.
По консултација со надлежен јавен обвинител, лицето е задржано за понатамошна постапка и по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.