Црна хроника
Осуденик од КПУ Идризово со остар предмет нападнал друг осуденик

На 22.04.2024 во 15.54 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12.30 часот во кругот на установата, по претходна расправија, осуденикот Е.А.(30) од Тетово бил физички нападнат од осуденикот О.М., кој употребил и метален предмет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Од заталкани куршуми оштетени две возила на различни локации во Скопје

Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје, 49-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека во периодот од 13:30 до 15:45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „форд“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка.
Исто така вчера, во 16:15 часот во СВР Скопје, 40-годишниот Ј.Ј. од Скопје пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка.
Полицијата работи на расчистување на случаите.
Црна хроника
Тешко повреден 21-годишник од Скопје: со мотоцикл удрил во „форд“

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Гемиџиска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.К.(58) од Скопје и мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Г.(21) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од уводна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен 36-годишник од Виница: при обид да побегне од полицијата фрлил кеса со марихуана

Вчера околу 21:30 часот кај место викано „Преод“ во село Драгобраште, виничко, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишиле од слобода Д.С.(36) од Виница.
При вршење на службени активности на неведеното место, полициските службеници запреле патничко возило „тојота“ со винички регистарски оснаки, кое го управувал Ф.Г.(20) од Виница, а сопатник бил Д.С..
Притоа, Д.С. се обидел да побегне и фрлил ќеса со марихуана. Набргу бил фатен и лишен од слобода, а дрогата била пронајдена и одземена. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.