Топ
Осумгодишно е детето кое беше силувано од двајца тинјеџери

Осумгодишо е детето кое беше силувано и снимано со мобилен телефон во Скопје. Како што дознава „Макфакс“ од извори од истрагата тинејџерите кои го извршиле грозоморниот чин се на возраст под 14 години.
Од Обвинителството велат дека се известени за настанот.
„Пријавените деца се помлади од 14 години, па со оглед на тоа се исклучени од кривична одговорност“ велат од Обвинителството.
Случајот ќе го провери Центарот за социјални работи.
„Макфакс“ вчера објави дека тинејџерите биле повикани во полициска станица, во присуство на нивните родители.
Хоророт во полицијата пред два дена го пријави мајката на жртвата. Tриесет и деветгодишната скопјанка кажала дека двете деца го силувале нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е потврдено дека била дел од истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, праша Јовица Јанковиќ од СДСМ.
Наместо да ја разреши и да побара одговорност, додаде тој, Владата молчи и ја остава на функција со што директно ја штити.
„Ова значи само едно: власта е фатена жива, со рацете во европските фондови. Затоа со очајни напади врз СДСМ ВМРО-ДПМНЕ се обидува да побегне од вистината. Но, од вистината нема бегање. Фактите се содржани во Извештајот на ОЛАФ кој е доставен до Јавното обвинителство. Постои основано сомнение за злоупотреби на над 2 милиони евра европски пари, идентификувани се повеќе од 50 физички и правни лица во Македонија и пет земји-членки на ЕУ. Остануваат и сомнежите за тоа како се расределени над 8 милиони евра во периодот 2014–2017 година? Токму во тој период Ана Михајлов заедно со својата кумашинка Дорина Ѓорчева Митровска биле евалуаторки во Агенцијата. Улогата на Бошко Нелкоски, првиот директор на агенцијата и ментор на новата в.д. директорка, поврзаноста со фирмите „Силвер Лион Сервисес“ и „Агронимија Органика“ и дали тие се дел од истата мрежа на сомнителни тендери и злоупотреби идентификувани од ОЛАФ останува да ги утврди Јавното обвинителство. И клучното прашање: во чии џебови завршија милионите евра европски пари? Очиглендо е зошто не се постапува. ВМРО-ДПМНЕ ги штити милионските шеми и злоупотреби во Еразмус+“, вели Јанковиќ.
Според него, за овој скандал решението е само едно – разрешување на в.д. директорката, итна и целосна кривична истрага за сите инволвирани во овие милионски злоупотреби на европски пари.
Свет
(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на заложниците. Ова е еден од најголемите протести во Израел откако започна конфликтот во октомври 2023 година, а следува по генерален штрајк со цел да се изврши притисок врз владата да ги запре воените дејствија, објавува „Гардијан“.
Собирот во неделата навечер беше кулминација на денот на национални протести. Огромни толпи се собраа на плоштадот во Тел Авив, епицентарот на протестното движење, скандирајќи: „Испратете ги сите дома! Запрете ја војната!“
Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица, кој ги организираше протестите, процени дека само во Тел Авив се собрале околу 500.000 луѓе, иако полицијата не ја потврди таа бројка.
„Бараме сеопфатен и остварлив договор и крај на војната“, рече Еинав Зангаукер, мајка на заложникот Матан и водечка фигура во протестното движење. „Бараме она што е наше право – нашите деца. Израелската влада ја претвори праведната војна во бесмислена војна“.
Тензиите дополнително се засилија со видео пораката од Матан Зангаукер, објавена од националните медиуми во неделата. На снимката, направена од Хамас и пронајдена од израелската војска, видливо слабиот и гладен заложник разговара со своето семејство. „Ова е веројатно последниот момент што го имаме за да ги спасиме заложниците“, изјави за АФП демонстрантот Офир Пенсо (50).
Протестите се одржуваат повеќе од една недела откако израелскиот кабинет за безбедност ги одобри плановите за заземање на градот Газа, 22 месеци по почетокот на војната што предизвика сериозна хуманитарна криза на палестинските територии. Организаторите изјавија дека демонстрантите ќе ја „затворат земјата“ за да обезбедат враќање на заложниците и крај на војната. Низ целиот Израел, демонстрантите блокираа патишта, палеа гуми и се судрија со полицијата, која соопшти дека се уапсени повеќе од 30 лица.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Девет загинати во руските напади врз Украина ноќеска, меѓу нив и деца

Најмалку девет лица, меѓу кои и три деца, се убиени во последните 24 часа во зголемените руски напади низ Украина, потврдија украинските власти, објави Си-ен-ен.
Во Харков, вториот по големина град во Украина, пет лица беа убиени, а најмалку 20 други беа повредени откако беше погодена станбена зграда. Нападот предизвика пожар и зградата се урна, изјави Олех Синиехубов, началник на регионалната воена администрација.
Синиехубов објави на Телеграм дека меѓу жртвите се девојче од година ипол и 16-годишно момче. Пет лица сè уште се бараат.
Реагирајќи на нападот во Харков, украинската премиерка Јулија Свириденко рече: „Русите само продолжуваат да вршат масовни убиства“.
„Оваа војна никогаш не беше предизвикана; таа продолжува само затоа што на Москва ѝ е дозволено да продолжи“, рече таа на социјалната мрежа Икс.
Петнаесетгодишно момче беше убиено кога бомба ја погоди куќата на неговото семејство во селото Новојаковливка во Запорожје, потврди Иван Федоров, началник на регионалната воена администрација. Братот, сестрата и родителите на момчето беа исто така ранети во нападот. Три лица загинаа и во Донецк, соопшти Вадим Филашкин, началник на регионалната воена администрација таму.
Пожарникарите во Одеса се бореа со голем пожар во енергетска централа по „масивен“ напад со беспилотни летала, соопшти Државната служба за вонредни ситуации.
Додека американскиот претседател Доналд Трамп се фокусира на постигнување мировен договор, а не на прекин на огнот, украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистира дека преговорите не се можни додека Русија продолжува да ја бомбардира неговата земја.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во понеделник ја повика Москва да „го запре убивањето со цел да се унапреди дипломатијата“.