Црна хроника
Откриена група крадци и помагачи што краделе предмети во рудникот „Бучим“ и ги продавале на нелегален отпад
Вчера во 09:00 часот на стариот магистрален пат Струмица-Радовиш, во близина на село Владевци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода А.Д.(31) и К.И.(19), двајцата од Струмица. При преглед на товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати лицата, пронајдени се делови од генератор. Истиот ден во 12:30 часот во близина на село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода и Е.У.(45) од Струмица затоа што при преглед на товарно возило „форд“ струмички регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени се генератор, алат и други предмети.
Во службени разговори во полициска станица лицата изјавиле дека предметите ги украле од рудник „Бучим“ во Радовиш, а воедно признале дека и претходно имале извршено вакви дела, по што одземените предмети ги продавале на лицето А.Ш.(43) од Струмица. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на А.Ш., при што во негова близина пронајдена е поголема количина на складиран отпад и стари возила. Притоа, инспектор за животна средина утврди дека има складирано поголема количина на отпад со кој А.Ш. и Е.Д. неовластено тргуваат и дека на тој начин истите вршат кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик.
Во врска со настанот, од слобода е лишен и В.А.(32) од Радовиш, вработен во рудникот „Бучим“, кој се сомничи дека за одреден паричен надомест дозволувал на лицата преку спореден влез да влегуваат во кругот на рудникот и да ги одземаат предметите.
Лицата се задржани во полициските станици во Струмица и Радовиш, за настанот е запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

