Црна хроника
Откриен хероин во домот на битолчанец, поведена истрага
Обвинителството од Битола поведе истражна потстапка против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
При претрес во домот на осомничениот 26-годишник на улицата Ванче Јаневски во Битола биле пронајдени 19 пакувања со вкупно 4,82 грама хероин, како и 2,14 грама мешавина од кофеин и „парацетамол“, која се користи на илегалниот пазар како додаток за зголемување на масата на наркотичните дроги. Исто така, биле откриени и предмети со траги од хероин – дигитална вага и ножици, кои биле употребувани за мерење и препакување на дрогата, информираа од Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство, можност да го повтори делото или да влијае врз постапката. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

