Црна хроника
Охриѓанец го нападнал неговото семејство, па почнал да крши по дома

Полицијата соопшти дека против охриѓанец ќе бидат превземени соодвeтни мерки откако тој го нападнал неговото семејство а потоа почнал да крши по дома.
Имено, во СВР Охрид вчеравечер околу 03 часот, било пријавено дека, М.К. од Охрид бил агресивен кон неговото семејство.
Како што соопшти полицијата тој оштетил и дел од куќниот инвентар.
Надлежните информираат дека против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Исчезна 42-годишен маж на пат кон Австрија, недостапен е на телефонот, МВР истражува

Вчера во Полициската станица Драчево 22-годишен жител на село Батинци пријавил дека неговиот вујко, 42-годишниот Н.Д., исчезнал откако тргнал кон Австрија.
Според пријавата, мажот заминал на 21 октомври со намера да патува кон Република Австрија, но по заминувањето не бил достапен на телефон и не се јавувал на своите блиски.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и утврдување на сите околности поврзани со неговото исчезнување.
Црна хроника
Му ја одзеле возачката во странство, а во Македонија пријавил дека ја изгубил, заврши со кривична

Полицијата поднесе кривична пријава против 30-годишен жител на селото Новак, општина Центар Жупа, осомничен дека дал лажен исказ за да добие нова возачка дозвола.
Како што соопшти МВР, осомничениот Н.И. на 29 септември годинава во управните служби пријавил дека ја изгубил возачката дозвола и поднел барање за издавање нова.
Но, по спроведената проверка, било утврдено дека неговата изјава не била точна. Возачката дозвола, како што покажала истрагата, му била одземена од полициски службеници во една странска држава.
Поради тоа против него е поднесена кривична пријава за „давање лажен исказ“.
Црна хроника
Судир меѓу три возила во Тетово: едно лице со тешки повреди пренесено во болница

Вчера во 14:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(53) од Тетово, патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(46) од Тетово и патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(36) од с.Непроштено, општина Теарце.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.