Црна хроника
Оџак предизвика пожар во Тетово
Оџак предизвика пожар во куќа во Тетово. Според полицијата, околу 1 часот во селото Голема Речица-Тетово, пријавен е пожар во куќа на Л. З. (27). Според првичните информации, пожарот настанал околу оџакот.
Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единицаТетово.Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведени двајца лихвари во Радовиш, следува соодветна пријава
Вчера во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Г.Т.(49) од Радовиш и Д.Г.(25) – полициски службеник од село Ораовица, радовишко, поради сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 став 2 од Кривичниот закон.
При преглед кај Г.Т. биле пронајдени пари кои му биле исплатени при продажба на мотор, кој во ноември 2024 година бил оставен кај Д.Г. од жител на радовишко село како залог дека ќе ги врати парите што Д.Г. му ги дал. Додека, при преглед кај Д.Г. бил пронајден и нотарски купопродажен договор за продажба на моторот. Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш, врз основа на судска наредба, извршиле и претрес во домот на Д.Г., при што биле пронајдени и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.
За настанот се известени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се степаа двајца лекари во операциона сала во штипската болница
Двајца лекари се степаа вчера во Клиничката болница – Штип.
Настанот е пријавен вчера во 12:45 часот.
– На 5 февруари во 12:45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница – Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил – се вели во соопштението од СВР-Штип.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден маж од Тетовско: управувајќи четирицикл, изгубил контрола и излетал од коловозот
Вчера во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-село Јажинце, кај село Џепчиште, тетовско, 57-годишниот Р.Р.Р. од село Шемшево, тетовско, управувајќи четирицикл „јамаха“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.