Црна хроника
Пакистанци и Сиријци пронајдени во возило кај Смоквица, возачот побегнал
Вчера на автопатот Гевгелија- Скопје, после клучката Смоквица, при контрола на возило полициските службеници пронашле 58 мигранти од кои 56 од Пакистан и двајца од Сирија.
Од МВР велат дека при запирање на возилото, возачот побегнал.
Пред возилото со мигрантите сообраќал уште еден автомобил, пришто приведени биле две лица кои биле во другото возило, а се од Богданци и Гевгелија.
„По преземени мерки било приведено и лицето К.Р.(34) од Косово, поради сомнение за кривичното дело „криумчарење мигранти“. Мигрантите биле предадени во Прифатниот центар Гевгелија и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Граната од Првата светска војна најдена на нива во Битолско
Вчера, во битолската полиција било пријавено дека во 9 часот во нива во селото Драгожани, Битолско, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување била подигната артилериска граната во калибар од 105 милиметри.
Гранатата е од Првата светска војна, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.
Топ
Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено
Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за Средно Водно.
Од МВР инфомираа дека во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди, и е хоспитализирано на Комплексот клиники.
Изврешен е увид.
Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.