Црна хроника
Пари и дрога пронајдени кај две лица од Охрид, полицијата ги приведе

Синоќа, во 20.10 часот, на булеварот Туристичка во Охрид, по преземените мерки и активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишиле од слобода Љ. З. (40) и Ж. Р. (33), двајцата од Охрид.
Тие биле затекнати во близина на станот што го користеле и при преглед кај нив кај Љ. З. биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со бела прашеста материја, а кај Ж. Р. била пронајдена и одземена поголема сума пари.
Подоцна, при претрес во станот, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени една кеса со повеќе пакувања бела прашеста материја, кеса со бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашеста материја и други предмети со остатоци од бела прашеста материја.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.