Црна хроника
Пациент од Неврохирургија скокнал низ прозорецот, претходно нападнал друг пациент и болничар
Синоќа, во 21 часот, во СВР Скопје од комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Клиника за неврохирургија било пријавено дека Б. З. (62) од Свети Николе, кој бил пациент на Клиниката, со тврди предмети, кои ги нашол во собата, фрлал кон пациентот С. В. (66) од с. Колари, Кичевско.
Потоа болничарот Н. Б. (23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, но Б. З. и кон него почнал да фрла предмети, па го отворил прозорецот и скокнал, по што добил тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Другите двајца добиле телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

