Црна хроника
Пензионерка со автомобил удрила пешак во Кочани
На 4.7.2023, во 9.36 часот, било пријавено дека во Кочани на улицата Маршал Тито, патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од Ж. А. (76) од с. Соколарци, удрило во пешакот К. Ј. (54) од с. Кучичино. Во несреќата тешки телесни повреди добила К. Ј., констатирани во Клиничката болница во Штип.
Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Кочани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.