Црна хроника
Петмина осомничени за нападот на полицајците во Шуто Оризари
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против пет лица кои се осомничени дека ги претепале тројцата полицајци во Шуто Оризари во понеделникот.
Според досегашните сознанија на обвинителството, осомничените се сомневале дека оштетените лица, односно полицајците наводно грабнале дете од Шуто Оризари. Тие ги пресретнале тројцата полицајци и насилно ги извлекле од автомобил ‘хјундаи галопер’ без регистарски таблички.
„Иако тројцата оштетени им кажале дека не знаат за што се работи, а еден се легитимирал со службена легитимација и им кажал дека е вработен во МВР, петтемина осомничени физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и клоци“, велат од обвинителството.
Еден од повредените е во животна опасност, додека останатите двајца здобиле телесни повреди. Со ваквите дејства, се наведува во соопштението на ОЈО, осомничените кај другите присутни предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.
Од обвинителството до Основниот суд Скопје 1 е испратен предлог за определување притвор за петтемина осомничени. Сите се товарат за кривично дело „насилство“.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчера изјави дека полицајците биле приватно во Шуто Оризари по претходна дојава дека се случуваат наводни киднапирања на деца во општината. Дојавата ја добиле по „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од скопско село измамена за 95.400 денари со лажно ветување за стан и вработување
54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му исплатила пари на едно лице, кое ѝ ветувало дека ќе ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што било пријавено, по извесно време лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.
Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје
Вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

