Црна хроника
Пет повредени полицајци при интервенција по фудбалски натпревар

Вчера околу 17.00 часот во Струга, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Караорман од Струга и Охрид во рамки на Втората фудбалска лига бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица од навивачка група од Охрид, при што бил оштетен дел од инвентарот на стадионот.
Притоа, при преземање мерки со повреди се здобиле пет полициски службеници од Полициската станица Струга. По целосно документирање и расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен маж од Арачиново: бил баран за издржување казна затвор од четири години

Денеска околу 08:30 часот во с.Арачиново, по преземени оперативно – тактички мерки, полициски службеници го лишиле од слобода А. Б.(40) од Скопје.
Лицето било барано по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 став 1 и казна затвор од една година за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Лицето е предадено во Казнено-поправна установа Идризово за издржување на казната.
Црна хроника
Малолетник нападнат во градски автобус на подрачјето на Бит Пазар

Две машки лица нападнале малолетник во автобус на ЈСП.
Случајот во СВР Скопје, вчера во 10.40 часот го пријавила неговата мајка В.Н.(54) од Скопје.
Таа пријавила дека на 16.04.2025 во 23.04 часот во градски автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од две машки лица.
Се преземаат мерки за расистување на случајот, соопшти МВР.
Црна хроника
Струмичанец со трактор насилно влегол во шумски склад и оштетил возило

Синоќа во 20.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Х.(43) од село Просениково, струмичко.
Тој, околу 17.00 часот со неговиот трактор насилно влегол во шумски склад на ЈП „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица и оштетил возило, кое претходно било одземено и паркирано во складот.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот против З.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.