Црна хроника
Полициските службеници на удар: Граѓани агресивно се однесувале кон нив во четири случаи
Денеска рано утрото во 02.05 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници го привеле М.С.(43) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Речиси истовремено, во 01.35 часот во близина на угостителски објект во Градски парк во Скопје, полициски службеници го привеле З.М.(43) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По документирање на случаите за двете попречување на полициските службеници ќе следуваа соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.
Ден претходно, во 18.00 часот во казино на ул. „Никола Вапцаров“ во Скопје, полициски службеници го привеле Б.П.(69) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе следуваа соодветен поднесок.
А вчера, пак, 03.00 часот пред угостителски објект во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода Б.М.(22) од Неготино поради истите причини. Имено, приведениот агресивно се однесувал и снимал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.