Црна хроника
Пешак прегазен во Скопје, во критична состојба пренесен во болница
Вчера, во 13.10 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Методија Митевски во Скопје, патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А. С. (23) од Скопје, удрило во пешакот Н. И. (79) од Скопје.
„Во несреќата тешки телесни повреди добила Н. И., констатирани во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’“, велат од МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
63-годишен маж починал додека работел на нива
Вчера во 10.30 часот во полициската станица Струмица било пријавено дека е починат 63-годишниот Ж.Ј. од село Муртино.
Тој извршувал земјоделски работи со својот трактор во нива во место викано „Врловарник“, атар на село Муртино. Додека ги вршел работите со тракторот зафатил железна шипка од оранжеријата, која паднала и го повредила при што од здобиените повреди починал.
Смрт констатирал лекар Медицински центар Струмица додека Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.
Црна хроника
Приведен крадец на голф, автомобилот е вратен на сопственикот
Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 19.40 часот во тетовското село Порој го лишиле од собода Е.М.(27) од Косово, поради тоа што противправно одзел патничко возило „голф“ со тетовски регистерски таблици, сопственост на лице од село Џепчиште, тетовско.
Како што соопшти денеска МВР, Е.М. е задржан во полициската станица Тетово за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додека одземеното возило му било вратено на сопственикот.
Црна хроника
Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Струмица-Валандово
Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Според официјалните информации од МВР, едно лице го загубило животот.
„На излез од село Костурино, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и трактор, во која животот го загубило едно лице“, велат од МВР.
Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.