Црна хроника
Пешак прегазен на улицата „Радишанска“

Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа која што се случила вчера во 23 часот во Скопје на улицата „Радишанска“. Б.Ф.(24) од село Љубин, Скопско со „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.А.(22).
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Л.А., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде бил задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка истепана од нејзиниот сосед, полицијата го расчистува случајот

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје, 59-годишната В.С. од Скопје пријавила дека околу 15 часот во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната со тврди предмети од нејзиниот сосед Р.П.(85).
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Вработена во основно училиште во Гази Баба истепана од ученик

Вчера во 12.45 часот во СВР Скопје, 45-годишната С.Р. од Скопје, вработена во основно училиште, пријавила дека околу 08.40 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од ученик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетник од Кочани споделувал експлицитни снимки од малолетничка на интернет: во полиција пријавила нејзината мајка

Вчера во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.