Црна хроника
Пешак тешко повреден по удар од автомобил во Велес
Вчера во 10.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„8-ми Септември“ во Велес, патничко моторно возило „фиат“ со велешки регистерски ознаки, управувано од И.П.(47) од Велес, удрило во Б.Ј.(58) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани од Општата болница во Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Магистралниот пат Крива Паланка – Куманово е во прекин поради сообраќајна незгода
АМСМ со вонреден извештај за состојбата на патните правци.
Од 10:30 ч. сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај м.в.„Миоли“, е во прекин во двата правци за сите видови возила, поради сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.
Црна хроника
Приведено лице барано со потерница
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден бил приведен 30 годишник од Прилеп, баран со потерница.
„На 28.09.2024 во 17.30 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Е.(30) од Прилеп, кој бил баран со потерница по издадена судска наредба од Основен суд Прилеп. Н.Е. бил баран за издржување на казна затвор во траење од една година“, соопштија од МВР.
Лицето е спроведено во Казнено поправната установа Затвор Битола.
Црна хроника
Полицијата во патничко возило со скопски регистарски ознаки пронашла 11 мигранти
На влезот во гевгелиското село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки вчера пронашле 11 лица мигранти.
МВР денеска осопшти дека вчера во 03.50 часот полицијата во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки пронашла 11 лица мигранти, од кои пет лица од Сирија и шест лица од Република Турција.
– Откако ги забележал полициските службеници, возачот на возилото го напуштил местото. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се појаснува во соопштението од МВР.