Црна хроника
Поведена постапка за две лица кај кои беше пронајдена дрога
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка за две лица поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Осомничените пред два дена заради продажба пренесувале 47.745,00 грама наркотична дрога марихуана спакувана во 48 пакувања и 49,68 грама наркотична дрога кокаин. Дрогата ја ставиле во возило кое било управувано од 53 годишниот осомничен стружанец. Пред него, на растојание од 200 метри, во возило се движел второосомничениот 31-годишен негов сограѓанин. Тие движејќи се од Свети Наум кон Охрид, биле во постојана телефонска комуникација, со цел осомничениот во првото возило да го извести соизвршителот доколку има полиција на патот.
По веста за полициската патрола осомничениот во второто возило се дал во бегство во пределот на месноста Рача, но бил сопрен и приведен од полициските службеници.
Со цел обезбедување на натамошно непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

