Црна хроника
Поведени постапки против еден турски и двајца македонски државјани за лажен ПЦР-тест
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против еден турски и двајца македонски државјани за употреба на фалсификувани потврди за ПЦР-тест на скопскиот аеродром.
Според информациите, на 9 април, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром „Скопје“, обвинетиот како вистинска лажна исправа употребил медицински сертификат за негативен ПЦР-тест на SARS-COV-2. Иако знаел дека документот е лажен, односно дека на 7 април не се тестирал во наведената лабораторија во Скопје, тој се обидел да ја напушти државата употребувајќи го сертификатот пред овластените службени лица на аеродромот.
За истото кривично дело поведена е постапка и против двајца македонски државјани, маж и жена од Чегране, кои со лажна потврда за негативен ПЦР-тест се обиделе да ја напуштат државата на 13 март. За нив надлежен јавен обвинител до судот достави предлог за издавање казнен налог, со кој на судот му предложи да им изрече парична казна од 100 дневни глоби, а поединечната вредност на дневната глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.