Црна хроника
Повеќе лица, меѓу нив и малолетници, повредени во сообраќајна незгода во Светиниколско
Вчера, во 16.25 часот, во ОВР Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе – Овче Поле, кај патот за „Лозарство“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С. К. (42) од Свети Николе, и патничко возило „фиат уно“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од Свети Николе.
Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетникот, а телесни повреди добиле возачот С. К. и сопатниците од возилото „фиат уно“, Н. Т. (18) од с. Ерџелија и уште тројца малолетници, констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Свети Николе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

