Црна хроника
Повеќе лица се повредени, меѓу нив и две деца: тешка сообраќајка меѓу три возила во Тетовско
Во СВР Тетово вчера во 10:35 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Желино-Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со италијански национални ознаки, управувано од Љ.П.(44) од с.Голема Лешница, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Љ.(40) од с.Добарце, тетовско, по што било удрено во паркирано патничко возило „јагуар“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од А.З.(31) од с.Требош, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „бмв“ Љ.П., додека со телесни повреди неговиот сопатник Ј.Е.(20), како и возачот од патничкото возило „голф“ и неговите сопатници Г.Ј.(41), Л.С.(43) и две деца на возраст од пет и шест години, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.

