Црна хроника
Повратници од Англија тешко повредени во сообраќајна незгода на регионалниот пат Скопје – Тетово

Повеќе лица, меѓу кои и малолетници, биле повредени во несреќата што се случила вчера кога возило со англиски ознаки излетало од патот што води кон село Бојане, Скопско, соопшти полицијата.
Вчера, околу 16.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, пред крстосницата со локалниот пат што води кон с. Бојане, Скопско, патничко возило „бмв“, со англиска национална ознака, управувано од Е. Б. (32) од Англија, излетало од патот.
Во незгодата сопатниците И. Б. (66) од с. Палиград, Скопско, и С. Ч. (27) од с. Рашче, Скопско, двајцата со живеалиште во Англија, добиле тешки телесни повреди, а телесни повреди добиле возачот и двајца малолетни сопатници од Англија, констатирани на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.