Црна хроника
Повредена 20-годишна девојка во Штип, во неа удрило возило „опел мерива“

Вчера, во 19.20 часот, во СВР Штип било пријавено дека на улицата Партизанска во Штип, патничко моторно возило „опел мерива“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Т. Л. од Штип, удрило во пешакот, 20-годишната С. Е. од Република Турција, со привремен престој во Штип, извести МВР.
Во несреќата тешки телесни повреди добила С. Е., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од екипа на СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
За време на рочиште истепал адвокат: кривична против маж од Кичево

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 49-годишник И.Ф. од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Тој, на 09.07.2025 година во 10.38 часот, за време на рочиште во судница при Основниот суд во Дебар, физички го нападнал М.Д., адвокат од Гостивар.
Црна хроника
Две скопјанки се истепаа во автокамп на Охридското Езеро, подоцна се вклучило уште едно лице

Вчера во 20:54 часот, во авто-камп лоциран на Охридското езеро, 31-годишната К.Д. физички ја нападнала 45-годишната Е.Р.А., двете од Скопје по што, се вклучило уште едно лице.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсена пијана охриѓанка: управувајќи мопед, паднала и се повредила, а потоа била агресивна кон полицајците

Денеска во 01.45 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишија од слобода 44-годишната М.М. од Охрид, која претходно управувајќи мопед на истата улица, паднала и се здобила со телесни повреди.
Таа се однесувала агресивно кон полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот, а било утврдено и дека има 2,23 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.