Црна хроника
Повредена 22-годишна девојка во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Дваесет и двегодишна девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа што вчера се случила на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка. Во несреќата учествувале автомобил „опел корса“, со кој управувала повредената С.И., и автомобил „шкода октавија“, управуван од Л.В.(54) од Скопје.
Повредената била пренесена во Општата болница Куманово за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Браќа од Струшко нападнале семејство во возило во кое имало и деца, ја удирале жената со боксови и клоци

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство.
Двајцата браќа, по потекло од струшко, а со привремено живеалиште во Швајцарија, на 30 јули на локалниот пат меѓу селата Горно Татеши и Добовјани, со автомобил со швајцарски регистарски ознаки го попречиле патот на струшко комбе во кое се превезувало семејство – маж, жена и две малолетни деца.
Веднаш започнале да се закануваат и агресивно да се однесуваат, излегле од автомобилот и се упатиле кон возачот на комбето. Со сила го повлекле подотвореното стакло на возачката врата и го скршиле. Парчиња од стаклото ја расекле по раката жената која излегла од комбето во обид да ја смири ситуацијата. Дополнително, осомничените и нанеле и телесни повреди со удари со боксови и клоци по главата и телото. Си заминале откако жената се заканила дека ќе повика полиција.
Поради опасност од бегство, особено имајќи предвид дека двајцата имаат привремено престојувалиште во странство, а исто така и поради ризикот и изложеноста на оштетеното семејство повторно да им биде загрозена сигурноста, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничените браќа, со цел да го обезбеди нивното присуство во текот на постапката и да спречи повторување на насилството.
Црна хроника
Обвинение за шест лица за фалсификување пари

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинителен акт против шест лица за кои постои основано сомнение дека како злосторничка група, организирана од првоосомничениот, сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.
На пет лица им се става на товар кривичното дело Фалсификување пари, додека првообвинетиот и уште едно лице се обвинети и за кривично дело – Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување.
„Од крајот на 2023 година до февруари 2025 година првообвинетиот на територија на македонска и српска територија создал група на која припадници станале останатите обвинети – македонски државјани и шест српски државјани за кои постапката се води во РСрбија. Првообвинетиот неовластено набавил и држел опрема и материјали за правење на лажни банкноти – евра во апоени од 20, 50, 100 и 200 евра, кои припадниците на групата ги дистрибуирале до заинтересираните купувачи во РСрбија по цена од 25-30% од номиналната вредност на вистинските банкноти. Шестообвинетиот неовластено изработувал машини и делови за правење лажни пари и истите ги одржувал. Од јуни 2024 година до јануари 2025 година 114.150 лажни евра групата ги продала за 42.400 евра.
Со обвинителниот акт обвинителството бара и продолжување на мерката притвор.
Црна хроника
Приведен прилепчанец: возел под дејство на алкохол

Вчера во 14:00 часот на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Ѓ.(52) од с.Воѓани, прилепско.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал С.Ѓ., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,79 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичен законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.