Црна хроника
Повреден рудар од Пробиштип
Маж со повреди на градниот кош бил донесен во болницата во Пробиштип вчера.
Според пријавеното, околу 18 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив на лекарски преглед се јавил Б.А.(61) од с.Трипатанци, кој при работа во рудник се здобил со повреда во пределот на градниот кош.
Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка ограбена на Бит Пазар, насилно и било одземено ланче
Вчера во 16 часот во СВР Скопје, 63-годишната С.А. од Скопје пријавила дека околу 14.55 часот на подрачјето на Бит Пазар едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело ланче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обид за силување во Штип
Вчера во 22.00 часот во СВР Штип, 30 – годишна жена од штипско пријавила дека на 05.10.2024 пред влезот во Штип, едно лице со закана се обидело да изврши обљуба врз неа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во објект во Карпош каде работеле две жени влегол маж и се самозадоволувал
Во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 04.10.2024 околу 18.45 часот на подрачјето на Карпош, во објект каде работела и каде имало уште едно женско лице, влегло едно машко лице и се самозадоволувало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.