Црна хроника
Поднесена кривична пријава за „компјутерска измама“
Вчера Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело Член 251-б, ст.1, а во врска со Член 45 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, поради тоа што во текот на месец февруари со намера за стекнување на противправна имотна корист, преку претходно наменски креиран профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ со содржини со кои прикажувајќи се лажно како лице кое поседува информации за „сигурни спортски типови со загарантирана добивка“ стапило во контакт со оштетеното лице.
При комуникацијата пријавениот ја стекнал довербата на измаменото лице на начин преку прикажување лажни факти и документи со фалсификувана содржина во кои било наведено дека ќе и биде исплатена сума преку банка во износ од 20.157,00 евра, односно дека со вложување на парични средства ќе добие значително поголема добивка. Оштетеното лице поверувало во лажното претставување на фактите и на барање на пријавеното лице извршило уплати преку финансиски сервис во три наврати, во вкупен износ од 2.156,00 евра, кои парични средства исто така во три наврати биле подигнати од страна на пријавеното лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

