Црна хроника
Поднесен обвинителен предлог за неовластено пуштање во промет наркотичнa дрогa
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
„На 10.4.2019 година, во својот дом на улицата Лазар Трпковски во Скопје, обвинетиот 29-годишен скопјанец неовластено, заради продажба, држел наркотична дрога кокаин со вкупна маса од 1,77 грам, спакувана во шест полиетиленски пакувања. Дрогата неовластено ја набавил заради продажба од непознато лице.
При претресот на домот на обвинетиот од страна на овластени службени лица била пронајдена и една дигитална вага со остатоци од кокаин.
Надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор бидејќи сè уште постои опасноста од бегство како законски основ поради што оваа мерка првично била определена, а особено со оглед на тоа што се работи за лице што и претходно е осудувано за ист вид кривично дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

