Црна хроника
Пожарникар тешко повреден при гаснење на пожар
Триесет и петгодишен пожарникар е тешко повреден откако паднал од скала при гаснење пожар.
Како што соопшти полицијата, во неделата вечер било пријавено дека избувнал пожар во стан сопственост на Т.О.(62), лоциран на улицата Лука Геров, а кој бил издаден под кирија.
Во моментот на избувнување на пожарот во станот немало никој. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат околу 23.20 часот.
На местото на настанот биле излезени и три возила од Итна медицинска помош кои укажувале помош на станарите кои се жалеле дека вдишиле поголемо количество на чад.
Од пожарот бил повреден пожарникарот З.П. (35) кој паднал од скала додека интервенирал. Истиот со тешки телесни повреди бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“.
Увид ќе се врши во текот на денот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

