Топ
Пожарот во зградата во Центар предизвикан од плинска боца

Пожарот во зградата во Центар што избувна вчера бил предизвикан од плинска боца, соопшти МВР.
Пожарот избувна во 20:40 часот во стан во сопственост на Л.П.(55) во зграда на булеварот Климент Охридски. Според информациите на полицијата, пожарот бил предизвикан од плинска боца. Од страна на Единицата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата Насер во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија палестинските здравствени власти.
Меѓу загинатите е и снимателот на „Ројтерс“, Хусам ал-Масри.
Фотографот Хатем Халед, исто така поврзан со „Ројтерс“, беше ранет во вториот напад, кој се случи додека спасувачите и новинарите брзаа кон местото на првиот удар.
Очевидци изјавија дека нападите следеле по пристигнувањето на спасувачите и медиумските екипи на местото на првиот напад.
Еден спасител бил меѓу загинатите, а здравствените службеници ги идентификувале новинарите Маријам Абу Дага, Мохамед Салама и Моаз Абу Таха.
Израелската армија и канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху не го коментираа нападот.
Од почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година, повеќе од 240 палестински новинари се убиени во израелски напади, според Палестинскиот сојуз на новинари, како што објави „Ројтерс“.
Македонија
Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Од 26.8.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,265 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,378 ден/кг и сега ќе изнесува 38,265 ден/кг.
Македонија
Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со наводите дека се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници, извести Министерството.
Воедно, министерот Алиу на средбата потсети дека ќе биде испратен допис со кој сите приватни здравствени установи ќе се задолжат од 15 септември да го информираат Министерството, односно Управата за електронско здравство, за сите извршени прегледи и интервенции во „Мој термин“.
„Министерството за здравство е отворено за соработка со сите фактори и ги повикуваме сите засегнати страни, кои имаат каква било информација за евентуални неправилности во системот, да се обратат веднаш до Министерството. Транспарентноста е еден од главните столбови во работата на Министерството и е од клучно значење за унапредување на процесите во системот“, соопшти Министерството за здравство.