Црна хроника
Пожар во индустриската зона Бунарџик

МВР информира дека вчера во 22:11 часот било пријавено дека во индустриската зона Бунарџик во кругот на „ТИРЗ 2“ имало опожарена сува трева и лозја. Во 23 часот од екипа на Противпожарна единица Скопје, пожарот е локализиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка истепана од нејзиниот сосед

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје, 59-годишната В.С. од Скопје пријавила дека околу 15 часот во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната со тврди предмети од нејзиниот сосед Р.П.(85).
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.