Црна хроника
Пожар во магацин во Скопје

Пожар избувнал во магацин во Скопје. Според полицијата, синоќа во 22:49 часот е пријавено дека на улица Новопроектирана настанал пожар во магацин при што била опожарена дрвена натстрешница на фирма сопственост на С.И. од Скопје.
Од Противпожарна единица Скопје, пожарот е изгаснат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка истепана од нејзиниот сосед

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје, 59-годишната В.С. од Скопје пријавила дека околу 15 часот во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната со тврди предмети од нејзиниот сосед Р.П.(85).
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Вработена во основно училиште во Гази Баба истепана од ученик

Вчера во 12.45 часот во СВР Скопје, 45-годишната С.Р. од Скопје, вработена во основно училиште, пријавила дека околу 08.40 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од ученик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.