Црна хроника
Полицаец надвор од смена одбил да биде легитимиран од колеги при контрола на неговото „ауди“

Рано утрово, околу три часот на улицата Александар Урдаревски во Скопје, полицајци го уапсиле М.Д., инаку и самиот полициски службеник, затоа што при контрола на неговото возило „ауди“ одбивал да даде документи за идентификација и почнал да се однесува агресивно.
Тој бил приведен во полициското одделение Шуто Оризари, а Одделот за внатрешна контрола е известен со цел да се спроведе натамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Драма на границата со Албанија, спречен илегален шверц на добиток

34- годишниот К.Б. од Дебар бил приведен бидејќи заедно со уште едно лице сакал илегално да пренесе добиток преку граничниот премин Блато.
„При дадена наредба да застанат, лицата не ја почитувале и продолжиле со движење, по што испукани се три предупредувачки куршуми во воздух“, соопшти полицијата.
Лицата веднаш излегле од возилото и се обиделе да побегнат. По преземените мерки, К.Б. е лишен од слобода, а во службениот разговор признал дека нема никаква документација за превезениот добиток.
„Се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додадоа од полицијата, нагласувајќи дека инцидентот бил навремено запрен благодарение на брзата реакција на службениците.
Црна хроника
Најдена дрога во затворот „Шутка“ при претрес на ќелија со тројца затвореници

Во затворот во Скопје, вчера околу 11:00 часот е извршен претрес во просторија каде што биле сместени осудените лица П.К., М.А. и М.О., соопштија од СВР Скопје. При претресот на прозорецот биле пронајдени бела прашкаста материја, марихуана, како и лажица и шише со течност.
Од полицијата истакнаа дека се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на потеклото на пронајдените супстанции. Претресот е дел од редовните контроли во затворските установи со цел спречување на внес и употреба на забранети материи.
Случајот е пријавен во СВР Скопје, а истрагата продолжува под надзор на надлежното јавно обвинителство.
Црна хроника
34-годишен мотоциклист почина по судир со трактор

34-годишен мотоциклист од Јосифово го загуби животот по сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 14 часот на регионалниот пат од селото Јосифово кон селото Пирава, на местото викано „Железен мост“ во Валандово.
Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале трактор „ИМТ“ со приколка, управуван од В.Т. (75) од Пирава, и мотоцикл „Сузуки“ управуван од С.К. (34) од Јосифово. При судирот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди.
Повредениот бил веднаш пренесен во болницата во Валандово, а поради сериозноста на повредите бил транспортиран во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде околу 17:30 часот починал.
По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, а увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Валандово.