Црна хроника
Полицаец и татко му нападнале луѓе пред судница во Гостивар
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, син и татко, на возраст од 30 и 54 години, за кои е поднесена кривична пријава за насилство.
Како што информираат од Обвинителството, пријавените го сториле делото на 20 април во чекалница пред судница на гостиварскиот суд.
Првоосомничениот е полициски службеник, а татко му е пензиониран полициски службеник. Тие физички ги нападнале поранешната вонбрачна сопруга на првопријавениот и татко ѝ нанесувајќи им телесни повреди и предизвикувајќи чувство на вознемиреност и страв и кај другите присутни.
Инцидентот пред судницата се случил додека чекале продолжување на судското рочиште во врска со претходно пријавен настан, во кој оштетените повторно го пријавиле првопријавениот за предизвикување општа опасност.
Честите недоразбирања меѓу осомничениот и неговата вонбрачна сопруга кулминирале со неколку пријави за кривично-правни и прекршочни настани за кои се водат соодветни постапки.
Ценејќи го ова, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување притвор за првоосомничениот, а за татко му се предложени мерки на претпазливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Патник од Турција ограбен во скопско такси кога ги извадил парите и прашал „колку кошта услугата“
Државјанин на Турција бил ограбен во такси возило.
Според информацијата од полицијата, 27-годишниот А.Ј.Е. од Турција вчера пријавил дека заедно со сопругата се качиле во возилото пред трговски центар на подрачјето на Гази Баба. Крајната дестинација им била Бит Пазар.
Кога пристигнале, патникот извадил 2000 денари и 50 евра и го прашал такси возачот колку треба да плати за услугата, а тој му ги одзел парите и ги избркал од возилото.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Објект никнал без одобрение во Охрид, реагираше полицијата
Поднесена е кривична пријава против Г.Л.(66) од охридското село Лескоец, поради бесправно градење.
„Тој, без да добие соодветно правосилно градежно одобрение за градење, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, на катастарска парцела лоцирана во месноста „Дебело поле“ во близина на Охрид, бесправно изградил објект“, соопшти СВР Охрид.
Црна хроника
Оружје најдено на нива во струшко
Вчера во струшката полиција било пријавено дека во нива покрај локалниот пат меѓу струшките села Ливада и Корошишта бил пронајден пиштол марка „застава“, калибар 6.35 милиметри, како и пет куршуми.
Увид на местото извршиле полициски екипи, по што пронајдените предмети се подигнати за натамошна постапка.
По целосно расчистување на настанот, ќе следи соодветен поднесок.

