Црна хроника
Полициска акција во Велес: приведени осум лица
На 15-16.07.2023 во периодот од 19.00 до 02.10 часот на место викано „Долна Бабуна“ во Велес, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија при МВР и полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода осум лица затоа што кај нив биле пронајдени и одземени повеќе видови дрога.
На наведеното место била извршена контрола на лица и возила кои присуствуваат и кои доаѓаат на забава. Притоа, во 21.00 часот од слобода биле лишени Ѓ.Л.(43) Р.Г.(53) од Велес зато ашто кај нив била пронајден марихуана.
Во 00.30 часот од слобода биле лишени Д.С.(27) од Велес и Ф.М.(32) од Скопје бидејќи кај Д.С. била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај Ф.М. била пронајдена таблета екстази). Во 01.40 часот од слобода биле лишени Л.С.(43) од Скопје, Е.Р.(31) од Скопје и А.Ц.(41) од Прилел, затоа што кај Л.С. била пронајдена марихуана, а кај Е.Р. била пронајдена бела прашкаста материја, додека пак А.Ц. била затекната во истото возило со Е.Р.. Исто така, во 02.10 часот од слобода бил лишен С.С.(22) затоа што при преглед во возилото кое го управувал била пронајдена таблета.
Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

