Црна хроника
Полициски службеник неовластено изработувал, држел, посредувал и тргувал со оружје
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З. Ц. и против правно лице – агенција за обезбедување, на која тој е сопственик и управител, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, казниво по член 396 од Кривичниот законик. Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од колективниот договор и во согласност со член 214 од колективниот договор на МВР донесено е решение за отстранување на З. Ц. од работното место до донесување решение во дисциплинската постапка.
Имено, на 26.12.2023, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле две ловечки пушки „црвена застава“, ловечка пушка „бенели арми“, ловечки карабин „бровинг“, ловечка пушка „берета“, четири кутии со барут, четири кутии со сачми, алат за изработување ловечки патрони, 36 куршуми во разновиден калибар и 22 ловечки патрони. А при претрес во просториите што ги користи неговото правно лице биле пронајдени и одземени пиштол „чешка зброевка“, пушка „крико“ и пушка „берета“.
Со ваквите дејства полицискиот службеник З. Ц. постапил спротивно и на член 16 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, според кој работниците не треба да ги вршат дејностите што се во судир со внатрешните, односно полициските работи – работа како управител во правно лице и дејности поврзани со оружје и експлозивни материи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

