Црна хроника
Полициски службеник од Гостивар заработи кривична пријава
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Ј.Ј., полициски службеник од полициската станица Гостивар, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ на РМ.
Како што информираа од полицијата, пријавениот кривичното дело го сторил на 25 овој месец половина час по полноќ, во селото Топлица, на начин што при преземање на полициски овластувања, ги пречекорил границите на службеното овластување, применувајќи прекумерна физичка сила врз четири лица, сите од Врапчиште, Гостиварско.
Имено, откако патничко моторно возило „опел кадет“ со српска национална ознака, во кое биле четирите лица, не запрело на даден знак за запирање од страна на полициските службеници откако биле сопрени, пријавениот Ј.Ј. физички ги нападнал лицата.
Против Ј.Ј., како што соопштија од МВР е поведена и дисциплинска постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

