Црна хроника
Полициски службеник осомничен за фалсификување службена исправа
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство во Свети Николе поднесе кривична пријава против И.Б. вработен во Секторот за внатрешни работи во Штип поради основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување службена исправа“ предвидено и казниво по член 361 од Кривичниот законик, соопштија од полицијата.
„На 20 октомври минатата година во полициска станица од страна на граѓанин е пријавен физички напад по член 12 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир извршен од страна на четири лица, за што е изготвен записник за примање пријава. На местото на настанот испратени се двајца полициски службеници кои извршиле разговор со сведоци на настанот, кои го потврдиле физичкиот напад. Изготвените службени материјали биле предадени на пријавениот И.Б., кој во име на полициските службеници изготвил службени материјали во кои внел невистинити податоци и содржина дека лицата вербално се расправале, со што извршил преквалификација на настанот од прекршок во поплака“, информираат од МВР.
Во соопштението на МВР се додава дека по наредба на ОЈО во Свети Николе извршено е графолошко вештачење, при што е утврдено дека ракописот е идентичен со ракописот на пријавениот, а осомничениот полициски службеник е суспендиран од работното место до завршување на дициплинската постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.