Црна хроника
Полицијата во контрола – откриени многу неисправни и нерегистрирани возила
На подрачјето на секторот за внатрешни работи Тетово вчера од 9 до 14 часот спроведена е акциска контрола и откриени се 27 технички неисправни возила.Најголемиот број од нив имале неисправни сопирачки и други системи и опрема.Во акциската контрола, исто така, откриени се 11 возила со истечена сообраќајна дозвола и други прекршоци, како и 7 возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит. Утврдените прекршоци заокружени се со соодветни прекршочни и мандатни платни налози и со барања за поведување на прекршочна постапка.
Контроли биле спроведени и на подрачјето на Штип. Притоа, контролирани се вкупно 135 возила од кои 50 се упатени во станица за технички преглед. Од извршената контрола било констатирано дека седум возила биле технички неисправни. Исто така било констатирано дека две биле со измината важност на сообраќајната дозвола и четири биле нерегистрирани. Преземени се и 32 мерки за констатирани прекршоци од страна на возачите, односно шест возачи се исклучени од сообраќај, издадени се 12 мандатни платни налози, 12 прекршочни платни налози и 2 писмено предупредени возачи. Преземени се 4 мерки за непрописно паркирани возила и издадени се 4 мандатни платни налози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

